Додадете златна и сребрена искра во вашите семејни сеќавања со Canon-овите SELPHY ES3 и SELPHY ES300
Специјално дизајнирани за лесна употреба од страна на целото семејство, Canon-овите нови компактни фото печатачи SELPHY ES3 и SELPHY ES30 комбинираат лесна преносливост со забавни креативни опции за печатење фотографии – вклучувајќи ги новите Златни и Сребрени Easy Photo решенија, за внесување на поблескави, декоративни моменти во вашите семејни фотографии.
Со користење на креативното копче за печатење и големиот вграден LCD екран, можете да се забавувате до бесконечност со специјалните ефекти за слики – или да ги испечатите вашите омилени фотки како календар. Секој лабораториски-квалитетен принт е обложен со површински слој кој го заштитува од избледување, оштетување и од траги од прсти.
Нема потреба од компјутер – можете да печатите директно од вашиот дигитален фотоапарат или мемориска картица. Со SELPHY ES3, можете исто така да ги внесете вашите омилени слики во вградената меморија, за полесно повторно печатење каде и да ви притреба.
Достапност
Октомври 2008.
|