Компактна домашна фото лабораторија: SELPHY CP770 и SELPHY CP760
Canon ви ја претставува новата генерација производи од континуирано-еволуциската SELPHY серија на компактни фото печатачи: суштинските SELPHY CP770 и SELPHY CP760 портабл печатачи. Двата модели нудат одлична комбинација од печатење фотографии со лабораториски квалитет и совршено лесно ракување со нив.
Со неговото одлично склопено куќиште, лесна носивост и опционална батерија, SELPHY CP770 ве носи на следно ниво од комбинацијата лесна работа и печатење фотографии – додека пак, ултра-компактниот SELPHY CP760, со својот голем LCD екран и извонредниот кориснички интерфејс, е најусовршениот печатач за во домашни услови досега, со недостижен лабораториски квалитет на фотографиите.
“Со обновениот фокус кон удобноста и лесната работа, SELPHY серијата нуди досега невиден лабораториски квалитет на фотографии, овозможувајќи ви да печатите од дома или од било кое место,” изјави Mogens Jensen, главен претставник од Canon за Европа. “SELPHY CP770 нуди уникатно вградено решение за работа, додека двата нови модели овозможуваат лесно ракување со нив и се поволни за целото семејство.”
|