Freecorder Canon HF10
Ова лето, Canon го креира новото движење ‘Freecording’ (слободно снимање), направено да ја размрда старата школа на идеи за снимање со камкордер и да привлече нов вид на корисници: слободни сниматели - Фрикордерс (‘Freecorders’)!
Ова слободно снимање е на некој начин поинакво, снимање без правила. ‘Freecording’ моментот цели на тоа да ги сруши бариерите поставенни со употребата на обичните камкордери (што до сега сте ги користеле само за одмори, настани или првите чекори на вашите деца), и ќе ве инспирира едноставно да го подигнете камкордерот, да погледнете од нова перспектива и да снимате – без разлика на условите. Снимате свадба? Зошто да не ја снимите и забавата после тоа?
Совршен модел за ова слободно снимање (Freecording) е камкордерот HF10, последното издание од Canon-овата HD серија. Идеално се вклопува во вашата дланка, HF10 е уред кој задава сериозен удар.
Со системот од објективи на Canon за HD камкордери, сензор за слика и процесор – HF10 снима со највисок HD квалитет, го ‘фаќа’ секој детал како што го гледате. И со својата Dual Flash меморија, снима до 6 часови, зачувувајќи го снимениот материјал во внатрешната меморија од 16GB или на SD картица, овозможувајќи се да биде снимено со висока дефиниција (HD) и потоа лесно да го споделите. Бидејќи Flash меморијата исто така содржи и неподвижни делови, целиот снимен материјал е подобро зачуван од потенцијални удари и шокови! |