Редефинирана преносна проекција - XEED WUX10 и XEED SX80
Canon објави нова ера во преносливата проекција претставувајќи ги новите мултимедијални проектори од серијата XEED. XEED WUX10 поставува нови стандарди во индустријата, WUXGA резолуција (1920 x 1200 пиксели) и можноста да проектира Full HD (1080p) видео. HD подготвениот XEED SX80 комбинира SXGA+ резолуција со извонредна конективност, вклучувајќи ја новата карактеристика ‘PC-Free Presentation’ (Презентирање без употреба на компјутер).
Додека XEED WUX10 претставува целосно дов додаток во XEED серијата, XEED SX80 успешно го наследува XEED SX60 со опсег од модификации и нови карактеристики. Двата модели се идеални за користење во канцеларии и конференциски сали, како и за специфични апликации, како што се CAD, симулациски и медицински околини. Исто така одличен и за предавални, спортски и медиумски хали, и професионални фото презентации.
“XEED WUX10 и XEED SX80 претставуваат ново заглавје во XEED серијата и индустријата за проектори,” изјави Mogens Jensen, главен претставник од Canon за Европа. “Двата модели поставуваат нови граници во преносливата проекција, задржувајќи го извонредниот XEED визуелен квалитет.”
Достапност на производите
XEED SX80 ќе биде достапен во продажба од крајот на јуни.
XEED WUX10 ќе биде достапен во продажба од ноември.
|