Canon е официјален спонзор на UEFA EURO 2008™
Canon Europe е назначен за официјален спонзор на Европското Фудбалско Првенство – UEFA EURO 2008™ - кое ќе се одржи во Австрија и Швајцарија во јуни 2008.
Со ова Canon го продолжува долготрајното присуство на најважните фудбалски настани во светот, кое трае веќе 30 години, вклучувајќи и неколку сезони како официјален спонзор на UEFA Лигата на Шампиони (1995-2000 и 2004-2006), поддршка на UEFA Европските Фудбалски Шампионати (1980-1996), UEFA Европското Првенство 2004 (како официјален спонзор) и последователно на Светските Првенства (1978-1998). |