19 ??????? 2008  
 
Партнерски страни »
English
ПРВА СТРАНА
ПРОИЗВОДИ
DOWNLOAD
ВЕСТИ
ПРОДАЖНИ МЕСТА
ИНФО ЗА ГЕНЕЛ
КОНТАКТ
CANON САЈТОВИ
СЕРВИС
РАБОТНИ МЕСТА
 
 
 
 
 
 
Вести архива
 

WORLD PRESS PHOTO OF THE YEAR 2007
Tim Hetherington, UK, Vanity Fair


Canon му честита на добитникот на наградата “Фотографија на годината од светскиот печат“ (World Press Photo of the Year)


Canon му честита на британскиот фотографTim Hetherington, добитник на наградата World Press Photo of the Year 2007. Неговата слика, со американски војник, кој се одмара во бункер во долината Коренгал во Авганистан, снимена е со Canon EOS 5D и е избрана помеѓу 80,536 фотографии.

Веќе во својата 51-ва година, овој натпревар за најдобра фотографија од World Press е светски познат како најпрестижен за фото журналистите. Оваа година, рекордни 5,019 професионални фотографи од 125 земји учествуваа со своја фотографија – 12.5% повеќе од минатата година. Canon е глобален корпорациски спонзор на ова доделување уште од 1992 година.

"Canon упатува честитки до Tim Hetherington и сите победници на 51-виот натпревар на World Press Photo", кажа Mogens Jensen, главнит претставник на Canon за Европа. "Во време кога интернетот му дозволува на секој фотограф да придобие публика во светски рамки со својата работа, овој натпревар е поважен од било кога. Ние сме горди на нашата добростоечка асоцијација со World Press Photo, која се покажа како непроценлива во помошта да сознаеме кои се потребите на секој фотограф-журналист.”

Победничката фотографија е снимена од Tim Hetherington на 16 сптември 2007 г.
Ова е седма година по ред победничката фотографија да е снимена со Canon EOS фотоапарат.

Победникот Tim Hetherington ќе добие парична награда во износ од 10,000 Евра од World Press Photo на церемонијата на доделување награди во Амстердам на 27 април оваа година. Исто така, Canon Europe ќе му подари на Hetherington фотоапарат EOS-1Ds Mark III.

Сите победнички фотографии ќе бидат прикажани преку една светска изложба која ќе опфати 100 градови во 50 земји низ светот.

Галерија од победничките фотографии на World Press Photo

 
 
 
 
 
 
Copyright © Genel 2006