19 ??????? 2008  
 
Партнерски страни »
English
ПРВА СТРАНА
ПРОИЗВОДИ
DOWNLOAD
ВЕСТИ
ПРОДАЖНИ МЕСТА
ИНФО ЗА ГЕНЕЛ
КОНТАКТ
CANON САЈТОВИ
СЕРВИС
РАБОТНИ МЕСТА
 
 
 
 
 
 
Вести архива
 


Canon ја засили PowerShot A-серијата со високо квалитетни фотоапарати за целото семејство


Секој од овие 3 нови фотоапарати од PowerShot A-серијата – PowerShot A590 IS, PowerShot A580 и PowerShot A470 – обединува одлични нови карактеристики кои му помагаат на секој корисник да сними исклушителни фотки.

Новитетот за 2008, Технологијата за Детекција на Движење (Motion Detection Technology) е вклучена во PowerShot моделите за прв пат. Оваа интелигентна технологија помага да се избегне појавата на замачкано (blur) на самата фотографија предизвикано од движење како што е играњето на децата, или при самото тресење на апаратот при обод набрзина да “фатите“ некој интересна ситуација.

Технологијата за Детекција на Движење корегира прецизно колку што е потребно за незамачкани фотографии со највисок квалитет.
Селекцијата и Следењето на Лице исто така доаѓа со А-серијата на PowerShot за прв пат. Совршен за сликање на ситуации каде што има гужва – како спортски настани, родендени или туристички локалитети – Селекцијата и Следењето на Лице се задржува на лицето кое вие ќе го одберете и континуирано ги надоградува подесувањата за најдобар резултат. Кога и да се решите да сликате, добивате фокусирано, природно лице. Системот за авто фокус е надограден на сите три фотоапарати, за подобра работа во ситуации со послаба светлина.

Три фотоапарати, три намери

Секој од новите фотоапарати PowerShot се вклопува во семејството на различен начин:

Првиот фотоапарат: Совршен како Ваш прв дигитален фотоапарат, или како втор фотоапарат за целото семејство, PowerShot A470 е лесен за користење и е понуден во 4 различни забавни бои (сребрена, сина, црвена, зелена). Со 7.1 Мегапиксели и 3.4x оптички зум, секогаш можете да сте сигурни во квалитетот на Вашата фотографија.

Сестраниот фотоапарат: PowerShot A580 е идеален фотоапарат за одмори и денови со семејството. 8.0 Мегапиксели и 4x оптички зум за високо квалитетни фотографии, додека модусот Easy го сведува апаратот во целосна контрола врз подесувањата, па дури и почетници ќе може да уживаат во забавата.

Превземање контрола: Фотографите-авантуристи моѓе да имаат повеќе контрола над нивните фотографии со 8.0 Мегапикселниот PowerShot A590 IS. Целосна мануелна контрола и опсег од опционална дополнителна опрема за објектив за креативни опции. 4x оптичкиот зум и оптичкиот стабилизатор на слика ви овозможуваат подобрена работа при ситуации со послаба светлина, одличен за долготрајно сликање ноќно време со вашето семејство.

Достапност на производите
Фотоапаратите PowerShot A590 IS, PowerShot A580 и PowerShot A470 ќе бидат достапни во продажба од март 2008.

PowerShot A590 IS
 
PowerShot A580
Технички карактеристики...   Технички карактеристики...
     
PowerShot A470
   
Технички карактеристики...    
 
 
 
 
 
Copyright © Genel 2006