Бои на сезоната: Digital IXUS 80 IS
Како то зимата преоќа кон пролет, Canon лансира на пазарот нов медерен компактен фотоапарат дизајниран за сликање на живописните бои на сезоната.
Наклонет кон нежни тонови, Digital IXUS 80 IS е достапен во 4 суптилни варијанти на бои – класична сребрена, карамел, чоколадна, и шеќерно розева боја. Рамниот, опиплив фотоапарат има чисто алуминиумска надворешна површина, лесно тело, додека и јасен, остар 2.5” PureColor LCD II екран, совршен за квалитетно прегледување на снимените фотографии.
Фотоапаратот е опремен со Canon-овиот ‘знам како’ (know how): интелигентни автоматски карактеристики кои прават перфектна фотка. ‘Знам како’ ја содржи Технологијата за Детекција на Движење, која го детектира движењето и му вика чао на замачкувањето (blur) фотографии, додека објективот со оптички стабилизатор за слика ги оневозможува лошите ефекти од тресењето на апаратот. Системот за фокус е подобрен исто така, за подобра работа во ситуации со слаба светлина. Било каде и било кога да сликате во оваа сезона, Digital IXUS 80 IS изгледа возвишувачки, и дава совршени резултати.
Карактеристики:
• 8.0 Мегапиксели
• 3x зум со оптички стабилизатор на слика
• 2.5” PureColor LCD II екран
• Детекција на лице, Детекција на движење и Автоматска корекција на црвени очи
Достапност
Фотоапаратот Digital IXUS 80 IS ќе биде достапен во продажба од март 2008. |