19 ??????? 2008  
 
Партнерски страни »
English
ПРВА СТРАНА
ПРОИЗВОДИ
DOWNLOAD
ВЕСТИ
ПРОДАЖНИ МЕСТА
ИНФО ЗА ГЕНЕЛ
КОНТАКТ
CANON САЈТОВИ
СЕРВИС
РАБОТНИ МЕСТА
 
 
 
 
 
 
Вести архива
 


Одличен Подобрен Зум кај DVD камкордерите на Canon


Canon ја претстави новата серија директно-на-DVD камкордери кои го содржат новиот систем Подобрен Зум. Серијата DC300 комбинира ултра-реално директно-на-DVD снимање со најмоќниот зум – до 45x – од било кој друг Canon камкордер до сега. Обезбедувајќи јасна, чиста квалитетна слика – од широкоаголна до телефото – Подобрениот Зум отвора нови можности за снимање спортски настани, природа и други одалечени субјекти, сето тоа директно на диск.

Бидејќи денес сите телевизори имаат природна резолуција на екранот, секој камкордер е опремен за снимање на Реално Широка 16:9 резолуција. Компатибилноста со DVD Dual Layer (DVD-R DL) и Canon-овите батерии со голем капацитет (продолжено време на снимање), му овозможува на секој снимател да ја “фати“ таа екстра снимка.

“Комбинацијата од лесно снимање директно-на-DVD со придобивките од иновативната технологија за Подобрен Зум, нашата нова серија DC300 го подигнува стандардот за DVD камкордери,” кажува Mogens Jensen, менаџер за продажба од Canon за пазарот во Европа. “Нашата обврска да понудиме најдобар квалитет на секој наш потрошувач ги поттикнува се повеќе и повеќе луѓето да ја откријат убавината во креирањето домашни филмски клипови.”

Достапност на производите
Камкордерите DC330 и DC301 ќе бидат пуштени во продажба во март 2008.

Карактеристики: DC330
• Canon-овиот нов систем Подобрен Зум нуди до 45x зумирање
• Мегапикселен CCD сензор, за супериорен квалитет на слика
• Сликање фотографии на SD или SDHC (Голем капацитет)
мемориска картица
    - Обезбеден софтвер за организирање на фотографиите и
      едитирање на видео клиповите
    - USB 2.0 Hi Speed за брз трансфер на фајлови во компјутер
• Повеќеаголно далечинско управување за флексибилно снимање
• Снимање на реална широка висока резолуција 16:9 и брзо
стартување
• DIGIC DV II процесор за јасни, вивидни слики со живописни бои
• LCD видео светло за снимање од близу во средини со слабо
осветлување
• Зголемено снимање: компатибилност со DVD-R Dual Layer
дискови и опционална батерија со голем капацитет
• Лесен за користење: модус Easy и плејбек во стандардни DVD
плеери
• Џоистик контролер за подобро ракување со камкордерот

Карактеристики: DC310
• Canon-овиот нов систем Подобрен Зум нуди до 36x зумирање
• Сликање фотографии на SD или SDHC (Голем капацитет)
мемориска картица
• Снимање на реална широка висока резолуција 16:9 и брзо
стартување
• DIGIC DV II процесор за јасни, вивидни слики со живописни бои
• LCD видео светло за снимање од близу во средини со слабо
осветлување
• Зголемено снимање: компатибилност со DVD-R Dual Layer
дискови и опционална батерија со голем капацитет
• Лесен за користење: модус Easy и плејбек во стандардни DVD
плеери
• Џоистик контролер за подобро ракување со камкордерот

DC330
 
DC310
Технички карактеристики...   Технички карактеристики...
 
 
 
 
 
Copyright © Genel 2006