Canon ја обнови серијата i-SENSYS со економичниот уред MF4010
Canon претстави на пазарот нов економичен ласерски мултифункционален уред - i-SENSYS MF4010. Тој е замена за MF3220, Canon-овиот најпопуларен мултифункционален печатач, а има функции за печатење, копирање и скенирање и значајно помало куќиште од својот претходник. Благодарение на печатењето документи со брзина од 20 стр./мин. и брзото печатење на прва страна (помалку од 9 секунди), i-SENSYS MF4010 е идеално решение за секој дом и мали канцеларии.
Достапност
i-SENSYS MF4010 ќе биде пуштен во продажба од Ноември 2007.
Карактеристики:
• Црно-бело печатење со брзина од 20ppm, резолуција
1200x600dpi (подобрено)
• Печатење на прва страна за помалку од 9 секунди
• Брзо загревање – за помалку од 9 секунди
• Скенирање во боја на рез. 600x1200dpi (9600x9600dpi
подобрено)
• All-in-One кертриџ, капацитет од 2500-страни |