19 ??????? 2008  
 
Партнерски страни »
English
ПРВА СТРАНА
ПРОИЗВОДИ
DOWNLOAD
ВЕСТИ
ПРОДАЖНИ МЕСТА
ИНФО ЗА ГЕНЕЛ
КОНТАКТ
CANON САЈТОВИ
СЕРВИС
РАБОТНИ МЕСТА
 
 
 
 
 
 
Вести архива
 


Canon ја зајакнува професионалната линија со 21 Мегапикселниот EOS-1Ds Mark III


Canon го зголемува влогот на пазарот за професионална фотографија со производството на EOS-1Ds Mark III - 21 Мегапиксел, 5 фрејмови во секунда. Испорачува 14-bit резолуција од новоразвиениот 35mm full frame CMOS сензор, Canon-овиот нов дигитален SLR фотоапарат креира фајлови кои конвертираат над 100MB некомпресирани 16-bit TIFF слики, поставувајќи нови стандарди во резолуцијата и острината на слика за 35mm-формат на дигитална фотографија.

Покрај извонредната колор изведба, Dual DIGIC III процесорите изведуваат 5 фрејмови во секунда при континуирано фотографирање за 56 големи JPEG слики (12 RAW) – ненадминат од ниту еден друф фотоапарат со оваа резолуција. Овој капацитет за креирање на толку големи фотографии непрекинато е препознаен како предводник кај фотографите кои користат EOS платформа.

Кај EOS-1Ds Mark III е употребена новата технологија која беше претставена претходно оваа година кај моделот EOS-1D Mark III, вклучувајќи 63-зони мерење на експозиција, 19 измешани авто фокус системи, 3.0” LCD екран со модус Реален Преглед (Live View) и EOS Вграден Систем за Чистење. Функцијата Highlight Tone Priority го зголемува опсегот за поголема длабочина и детали во услови на поголема светлина. Со овој фотоапарат е претставен и новиот ултра широко-аголен објектив од Canon, EF 14mm f/2.8L II USM.

Достапност
EOS-1Ds Mark III ќе биде пуштен во продажба во Октомври 2007.

Карактеристики:
• 21 Мегапиксел full frame (35mm) CMOS сензор
• 5 фрејмови во секунда при континуирано фотографирање за
   над 56 JPEG слики
• Дупли “DIGIC III” процесори
• Приоритет на основен тон на боја
• Систем за авто фокус со 19 вкрстени сензори и 26 помошни
   точки за фокус
• EOS Вграден систем за Чистење
• ISO 100-1600 (раширлив L:50 H:3200)
• 3.0” 230K пикселен LCD екран со модус за Реален Преглед (Live
  View)
• Редизајниран визир, поширок и појасен

EOS-1Ds Mark III
Технички карактеристики...
 
 
 
 
 
Copyright © Genel 2006