Супер-склопени фотоапарати: Canon-овите Digital IXUS 960 IS и Digital IXUS 860 IS
Титаниумскиот Digital IXUS 960 IS и широко-аголниот Digital IXUS 860 IS се компактно дизајнирани фотоапарати со извонредни фотографски технологии. Опремени со Технологија за детекција на лице и Canon-овото решение за целосна анти-замагленост, и двата фотоапарати го прават фотографирањето полесно од кога и да е. Големиот, јасен PureColor LCD екран го олеснува сликањето, и овозможува моментален преглед на штотуку сликаната фотографија.
Со водечките во својата серија 12.1 Мегапиксели, Digital IXUS 960 IS уловува доволно детали за да испечатите слика во постер формат во врвен квалитет. Со своето софистицирано титаниумско тело, ова е фотоапарат со екслузивен изглед и отскокнува од својата конкуренција.
Digital IXUS 860 IS иам 3.8x зум на широко-аголниот објектив, кој овозможува фотографирање со поширок распон - забави, панорами или архитектски чуда. И со Canon прецизна оптика во сржта на фотоапаратот, секоја слика добива посебна јасност и бистрина.
Достапност на производите
Digital IXUS 860 IS и Digital IXUS 960 IS ќе бидат во продажба од Октомври 2007.
Карактеристики: Digital IXUS 960 IS
• Титаниумско тело со Touch Control Dial
• 12.1 Мегапиксели
• 3.7x оптички зум со оптички стабилизатор на слика
• 2.5” PureColor LCD екран и оптички визир
• Технологија за детекција на лице и корекција на црвени очи
Карактеристики: Digital IXUS 860 IS
• 3.8x широко-аголен (28mm) оптички зум со оптички стабилизатор на слика
• 8.0 Мегапиксели
• 3.0” PureColor LCD екран
• Технологија за детекција на лице и корекција на црвени очи
|