Pocket Power – HD камкордер кој комбинира компактен стил и професионален квалитет на слика
Со над 15 часови снимање на вграден хард диск, новиот HG10 е High Definition (HD) камкордер кој комбинира “привлечен за око” стил со врвен квалитет на слика. Одлично спакуван, тој е перфектна машина за правење на филмови за сите љубители на изуми и домашни кина секаде.
HG10 е најмалиот целосен HD камкордер во светот. Всушност, овој мал уред го прави лесно снимањето на одлични HD филмови – идеален за секој кој има HDTV.
Со капацитет за снимање над 15 саати спектакуларни HD филмови – еквивалентен на куп од 28 DVD-а од домашното кино – ги наследува најдобрите карактеристики од Canon-овата професионална серија на камкордери.
Камкордерот HG10 ќе биде пуштен во продажба во Октомври 2007.
• Ненадминат квалитет на слика со Canon-овиот HD Камера
Систем
• Canon Full HD CMOS сензор
• Canon HD видео објектив со 10x оптички зум и Super Range OIS
• HD-оптимизиран DIGIC DV II процесор
• Брз AF за за супер брзо авто-фокусирање
• Разновидни филм клипови: од интуитивните контроли за
снимање до лесно прегледување (playback)
• Долготрајно континуирано снимање со одличната долготрајна
батерија
|