Canon - фотоапарати, објективи и фото печатачи освоија 4 награди од TIPA за најдобри производи
Canon беше награден за 4 свои производи од престижната Technical Image Press Association (TIPA) – водечка асоцијација за фото технологија во Европа. EOS-1D Mark III освои награда за Најдобар D-SLR Професионален Фотоапарат, Canon EF 16-35mm f/2.8L II USM за Најдобар Професионален Објектив, SELPHY ES1 за Најдобар Фото Печатач во Мал Формат, додека All-In-One PIXMA MP810 за Најдобар Мултифункционален Фото Печатач. TIPA наградите доаѓаат во време кога Canon е на првото место на пазарот за дигитални фотоапарати во Западна Европа веќе петта година по ред, потврдувајќи го квалитетот и популарноста меќу потрошувачите на Canon.
“Почестени сме со ова признание од TIPA,” рече Mogens Jensen, менаџер за продажба од Canon за пазарот во Европа. “Canon-овата филозофија за развој на производите се базира на креирање иновативни, атрактивни, водечки производи за сите корисници, од почетници до професионалци. Широката експертиза е пренесена на производите која што беше забележана од страна на TIPA: од професионалниот EOS-1D Mark III до кориснички фокусираните SELPHY ES1 и PIXMA MP810 фото печатачи.”
|