20 години од постоењето на EOS системот на Canon
Револуција во фотографирањето: EOS системот на Canon наполни 20 години.
Од објавувањето на првенецот EOS 650 во 1987 година до најновиот EOS-1D Mark III произведен пред само неколку денови, EOS системот – комплетен опсег на дигитални фотоапарати, објективи и дополнителна опрема – одржува целосна и постојана компатибилност низ годините и продолжува со технолошките иновации да ги изненадува своите корисници. Тоа и го направи EOS системот избор на милиони фотографи низ светот.
Постојаната популарност на EOS системот делумно може да се препише на неговото непобедливо ниво на компатибилност. Над 20 години – кои се сведоштво за безбројните подобрувања на полето на фотографијата, вклучувајќи го и револуционерниот придонес во функциите на дигиталните фотоапарати – растечката EOS серија му дава предност на секој фотограф да има погодности со секоја нова технолоија од Canon додека сеуште има одлични резултати и од претходната. Оваа компатибилност им овозможува на корисниците на EOS апарати да изградат еден свој систем од фотоапарати, објективи и дополнителна опрема за да дојдат до перфектно решение за фотографирање на субјект или стил.
Покрај креирањето на перфектни фотографии, EOS системот сега го опфаќа комплетниот синџир на работа со слики, од софтверот за обработка Digital Photo Professional до познатата серија на проектори од Canon, XEED проекторите и фото печатачите PIXMA.
Истовремено, EOS системот изминативе 20 години постојано се развива и е иновативен.
Името EOS е самото по себе рефлексија на ова: не е само неговото конкретно значење - Електро Оптички Систем (Electro Optical System), туку, исто така, EOS е и името на божицата на зората во старогрчката митологија. Развивањето на Аналогната ера со USM Технологијата беше успешно заменета и надополнета со многуте иновации во дигиталниот свет: првиот D-SLR чинеше под €1,000; првите 8 фрејмови во секунда беа кај D-SLR; првиот D-SLR со 16 Мегапиксели.
Затоа EOS системот успешно продолжува да се развива и денес. Со основачките модели на дигитални фотоапарати, како EOS 300D, EOS 1Ds Mark II и сега EOS-1D Mark III, EOS системот веќе ја има создадено дигиталната ера до степен на истиот одличен успех што се постави како револуционерен за аналогната фотографија во 80-тите и 90-тите.
Со постојаните истражувања во дигиталната технологија, EOS системот гарантира нови иновации и уште поголемо усовршување во наредните години.
|