19 ??????? 2008  
 
Партнерски страни »
English
ПРВА СТРАНА
ПРОИЗВОДИ
DOWNLOAD
ВЕСТИ
ПРОДАЖНИ МЕСТА
ИНФО ЗА ГЕНЕЛ
КОНТАКТ
CANON САЈТОВИ
СЕРВИС
РАБОТНИ МЕСТА
 
 
 
 
 
 
Вести архива
 


Canon го произведе најбрзиот дигитален фотоапарат во светот


За професионални фотографии од спортски настани и дивиот свет на природата потребно е брзина, моќ и издржливост. Новиот дигитален фотоапарат од Canon ги содрќи сите овие можности.

EOS-1D Mark III е наследникот на EOS 1D Mark II N и е моментално најбрзиот дигитален фотоапарат на пазарот. Кога е потребно брзо и прецизно снимање на победнички гол или диво животно во лет, овој 10.1 Мегапикселен фотоапарат е доволно брз да да сними 10 целосни фотографии за една секунда. Оние екстра снимки ќе ја покажат разликата помеѓу одлична фотографија и промашена шанса. И со можност да слика над 110 слики без пауза, шансите да снимите перфектна фотографија се дури и повеќе од поголеми.

Дуплите “DIGIC III” процесори за слика ги прават перформансите на овој фотоапарат едноставно водечки. Вградените чипови работат доволно брзо да обработат 100 Мегабајтен податок во секунда.

Цврстото, магнезиумско тело на фотоапаратот е за заштита од прашина и влага – од многу важно значење за фотографите на задача во пустински предели или места со екстремни временски услови. Вградениот систем за чистење на EOS го штити сензорот за слика од прашина, намалувајќи го потрошеното време за негово одржување. 3.0” TFT LCD екранот го олеснува за фотографите прегледувањето на слики, и со модусот Live View можат, исто така, да го користат за составување на снимки.

EOS-1D Mark III е дигитален SLR фотоапарат компатибилен со EOS системот на Canon EF објективите, Speedlite блицовите и дополнителна опрема.

Достапност
Дополнително ќе биде објавено.

EOS-1D Mark III
Технички карактеристики...
 
 
 
 
 
Copyright © Genel 2006