Насмевнете се – Технологијата за детекција на лице сега применета и кај PowerShot ‘A’ серијата
Насмевка на сечие лице – перфектни портрети се прават најлесно со новата PowerShot ‘A’ серија на дигитални фотоапарати.
Одлични перформанси – вклучувајќи 7.1 Мегапиксели сензор, 4x оптички зум на објективот, Технологија за детекција на лице и Корекција на црвени очи –PowerShot A570 IS и PowerShot A560 го прават едноставно фотографирањето на портрети и групните фотографии на семејните собири, како и незаборавните ноќи поминати со друштво. Вклучете ја Canon-овата паметна Технологија за детекција на лице, на пример, и фотоапаратот автоматски одбира до 9 лица во еден фрејм и подесува фокус, експозиција и блиц за оптимални резултати. Со опцијата Корекција на црвени очи достапна во модусот за плејбек (Playback), корисникот може брзо да ги провери снимените фотографии и да ги отстрани црвените очи без потреба од користење на компјутер или некој друг специјален софтвер.
Двата фотоапарати ги прават фотографиите исти како што останале во вашата меморија, со природна боја на кожата и живописни бои. Големиот сензивитет на ISO 1600 значи дека нема потреба од користење на блиц во слабо осветлени места како рестрани или ноќни клубови – на фотографиите ја има сета природна атмосфера на местото какде е сликано. PowerShot A570 IS содржи подобрен оптички стабилизатор на слика, обезбедувајќи незаматени фотографии.
Сеедно дали е PowerShot A570 IS или PowerShot A560, новите додатоци во серијата PowerShot го прават креирањето на дигитална фотографија полесно од кога и да е – тоа прави насмевка на сечие лице.
Достапност
PowerShot A570 IS ќе биде достапен во продавниците од средината на март 2007, а PowerShot A560 во првата половина од март 2007.
|