Бизнис: Canon објави два нови канцелариски проектори
Со новите LV-7265 и LV-7260, Canon-овите мултимедиални проектори со XGA резолуција (1024 x 768 пиксели) се доведени на ниво погоре со нивната достапност. Направени за бизнис употреба, обата проектори се опремени со Canon широкоаголен објектив со 1.6x зум на проекција, за одлична флексибилност при нивно местење во канцеларијата.
Прогресивно скенирање за темни слики, LV-7265 има светлина од 2500 лумени, додека LV-7260 светлина од 2000 лумени. Со интуитивните контроли, базвучната работа и ултра-брзото вклучување и исклучување, двата модели се лесни за користење: презентациите ќе се одвиваат без никакви проблеми. Разновидните карактеристики на LV-7265 вклучуваат моќен 5W RMS вграден аудио звучник за поприкладни мултимедиални презентации. За да оптимизира квалитет на слика од дигитален извор, LV-7265 содржи HDCP соодветен DVI влез.
Достапност
Дополнително ќе биде објавено.
Карактеристики на LV-7265 и LV-7260:
| • |
Изворна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели); макс. UXGA резолуција (1600 x 1200 пиксели) |
| • |
Проекција со моќни 2500 лумени (LV-7265) или 2000 лумени (LV-7260) |
| • |
Пропорција на контраст од 600:1 за појаки бои и појаки црни бои |
| • |
Широко-аголен објектив со 1.6x зум на проекција, за флексибилно сместување на проекторот за поголеми слики дури и од кратки растојанија |
| • |
Кориснички контроли со лесно подесување на екранот, Корекција на боите на екранот (Screen Colour Correction) и Auto Vertical Keystone Correction (LV-7265) |
| • |
Брзо вклучување (за 8 сек.) и брзо исклучување (30 сек.), |
| • |
Безчујна работа на машината – 30dBA (LV-7265) или 29dBA (LV-7260) во модусот Quiet Mode |
|