Нови DVD камкордери од Canon-овата HD технологија
Canon со задоволство го објавува проширувањето на својата серија камкордери кои снимаат директно на DVD, зголемувајќи го изборот на корисниците со два нови модели. Опремени со големи екрани, DVD камкордерите DC230 и DC201 имаат моќен оптички зум на објективот и DIGIC DV II, Canon-овиот најмоќен процесор за слика и видео специјално направен за снимање со голема прецизност (High Definition (HD)). Опсег од кориснички опции вклучува Quick Start(брзо вклучување) копче и интуитивен систем за менито, лесно навигирање со помош на Joystick контролер. Обата камкордери нудат дополнителни опции – снимање фотографии, снимање на CD или, со DC230, на мемориска картица. DC230 исто така има подобрен Megapixel CCD сензор.
“Комбинацијата од моќни оптички објективи и DIGIC DV II ги носи нашите DVD камкордери на следното ниво,” кажува раководителот на Canon Consumer Imaging за Европа, Mogens Jensen. “Значајната инвестиција што ја направивме во серијата High Definition во изминативе две години сега ни се враќа со огромен приход низ целата DVD серија. Овие нови модели ја зајакнуваат Canon-овата позиција како водечки играч на пазарот за камкордери.”
Достапност
DC201 ќе биде во продажба во средината на март 2007. DC230 ќе биде достапен на почетокот на април 2007.
DC230 и DC201 - карактеристики:
DC230: 35x оптички зум на објективот (1000x дигитален зум),
DC201: 30x оптички зум (800x дигитален зум), плус снимање
видео директно на DVD (-R/-RW/-R DL)
Лесни за употреба и нова Quick Start опција
DIGIC DV II процесор на слики
Поддржува дупли DVD-а, за поголем капацитет на снимање
Megapixel снимање (DC230)
|