Canon овозможува едноставно скенирање.
Canon ја прошири својата палета на скенери со најнови решенија
со два начина на скенирање
Canon ја дефинира "работната подгрупа" како нов сегмент на пазарот
Амстелвин, Холандија, 15 февруари 2006 – Canon Europe, водечка светска компанија во областа на фотографската технологија, објави дека на пазарот е понуден нов скенер во боја DR-1210C, со кој ја прошири својата палета на уреди за скенирање. Новиот скенер го потврдува настојувањето на Canon секогаш да биде присутен на пазарот за скенери наменети за работните групи за развој на тоа подрачје во иднина. Така, DR- 1210C покажува дека Canon, како иноватор на тој пазар, го дефинира креирањето на овој нов пазар кој го нарече" пазар за уреди за работните подгрупи".
"Сакајќи да се утврди себеси како водечка компанија на пазарот за уреди за работни групи, Canon веднаш се фокусираше на специфичниот сегмент на тој пазар како би ја покажал својата посветеност во остварувањето на своите цели. Го откривме секторот "работни подгрупи" како нов пазар кој забрзано ќе се развива и ќе нуди решенија кои ќе ги исполни неговите главни побарувања: едноставно, но и со многу можности збогатено скенирање со дефинирана функционалност и по конкурентна цена", кажа Sean Suematsu, главен европски маркетиншки менаџер за производите во компанијата Canon Europe.
Canon DR-1210C наменет е за класичните работни опкружувања , како што се малите работни и домашни канцеларии кај мали и средни компании. Автоматскиот внесувач на документи овозможува ефикасно скенирање на поголем број на документи, а на рамната хоризонтална плоча (flatbed) може да се скенираат разни документи, како што се пасош, визит карти и книги. Овие два различни начини на скенирање овозможуваат максимална продуктивност при истовремено скенирање на различни документи кој може да се скенираат. Скенерот DR-1210C како највреден во својата класа – за една минута скенира 12 страници во боја, црно-бели и во секакви нијанси при 300 tpi, а овозможува скенирање со максимална разлвлеченост до 600 tpi. Функционирањето на уредот се извршува со три работни копчиња за извршување на три различни задачи: Скенирај и испечати, Скенирај во фолдер и Скенирај и испрати по e-mail, и плус 50 додатни наредби кои може да се прилагодат на личните потреби на корисникот (на пр. скенирање и зачувување во одреден фолдер или испраќање на одредени e-mail адреси).
Инсталацијата на уредот е едноставна благодарение на придружната програмска опрема со упатства за инсталација. Во овој пакет новост е и решението Presto! BizCard Reader, програмска опрема која овозможува истовремено скенирање на осум визит карти со што се овозможува едноставно информирање со работните партнери. Скенираните информации автоматски се снимаат во, претходно одредена за тоа, база со податоци, за нивна едноставна евиденција. Во пакетот се наоѓа и стандардна програмска опрема Adobe Acrobat 7.0 Std, Canon-овиот CapturePerfect 3.0 и OmniPage SE (верзија 4).
Скенерот Canon DR-1210C ќе биде пуштен во продажба во Европа од 1 април 2006. |