|
 |
 |
|
|
| |
FAX-L380S |
FAX-L390 |
|
|
Canon претстави два нови ласерски факс уреди со функција за авторизација со пристап "Department ID"
Амстелвин, Холандија, 20. јануари 2006. – Canon понуди на пазарот два нови ласерски факс уреди FAX-L380S и FAX-L390. И двата имаат функција со сигурносна наставка "Department ID", која им овозможува на администраторите надзор и пратење на активностите на уредот со што се спречува негово злоупотребување. Модемот Super 3G, големата меморија за испраќање на документи и големиот капацитет на касетата за хартија ги прави овие два уреди совршени за било секоја фирма што има потреба од машини за факс, печатење и копирање на голем број на документи.
Основни карактеристики на уредите FAX-L380S и FAX-L390:
администраторски пристап
голем капацитет за хартија (FAX-L380S - 250 листови, FAX-L390 - 500 листови)
модем Super G3 и меморија за 510 страници
време потребно за испраќање документи: 3 секунди, брзина на печатење: 18 страници во минута
31 копчиња за брзо бирање, 100 односно 169 кодирани броеви
FAX-L380S е наследник на уредот FAX-L380, а FAX-L390 е нов уред во серијата.
Можности на функцијата "Department ID"
И двата уреди FAX-L380S и FAX-L390 содржат сигурносна функција "Department ID", која му овозможува на корисникот да дефинира стотина идентификациски броеви и лозинки со што уредот може да се користи само ако се внесе правилна лозинка. Овие додатни опции му овозможуваат на корисникот надзор над начинот на употреба на уредот, т.е. увид во точниот број на испратени/примени факсови, испечатени или ископирани документи, што овозможува лесно пратење на трошоците и добро координирана работа. Функцијата "Department ID" има опција и за ограничување испраќањето и копирањето на документи.
Голем капацитет
И двата уреди имаат голема касета за хартија. Во касетата на уредот FAX-L380S може да собере 250 листови, а кај малку поголемиот FAX-L390 во касетата може да собере 500 листови со што не е потребно често да се надополнува. Уредите употребуваат тонери од типот „сe во едно“, кој овозможуваат печатење на 3500 страници, а со модусот за штедење на тонер (Toner Save mode) и повеќе. И двата уреди овозможуваат програмирање на 31 копче за брзо бирање. FAX-L380S може да меморира 100 кодирани броеви, а FAX-L390 169.
Модем Super G3 и меморија на факсот
FAX-L380S и FAX-L390 содржат модем Super 3G, кој овозможува испраќање на документи со брзина од три секунди по страница со што се намалува цената на пренос и овозможува истовремено испраќање и примање на голем број на документи. Капацитет со меморија од 510 страници значи дека секој од уредите може да сними и обработи документи кои се примени додека уредот е во ситуација без хартија или тонер. Големата меморија овозможува и обработка на голема количина на документи кои одеднаш може да се скенираат, и потоа да се испратат.
Голема брзина при работа
Факс уредите FAX-L380S и FAX-L390 скенираат страници со големина A4 за две секунди, а печатат примени документи со брзина од 18 страници во минута. Со иста брзина се печатат документи и кога се употребуваат како ласерски печатач со што на тој начин се штеди на време. Уредите ги печатат документите со резолуција од 600 x 600 tpi, а технологијата за обработка на слики UHQ (Ultra High Quality) овозможува печатење со 256 нијанси на сива боја. |
|
|
FAX-L380S |
FAX-L390 |
Технички карактеристики... |
Технички карактеристики... |
|
|
| |
 |
|
 |
|
|
|