|
 |
 |
|
|
| |
|
Canon понуди нов печатач во боја - Laser Shot LBP5000
Амстелвин, Холандија, 21. јануари 2006. – Canon објави дека на пазарот е понуден нов ласерски печатач LASER SHOT LBP5000. Тоа е првиот ласерски печатач во боја од Canon Europe кој работи со помош на тонерот за боја од типот „сè во едно“ и кој е дизајниран за работа во исправена положба со што би се заштедил простор за работна површина. Капацитетот од 500 листови и можноста за мрежно поврзување и дополнителните Canon -ови мрежни картички го прават печатачот LBP5000 извонреден за работа во мали канцеларии и за професионални корисници.
Основни карактеристики на печатачот LASER SHOT LBP5000:
прв тонер во боја од типот „сè во едно“ кај Canon Europe
технологија за подобрен запис во боја CAPT и технологија врз база „боја по избор“
време на загревање: 0 сек., запис на првите страници за помалку од 20 секунди
компактен и модерен облик со состав за вертикален запис
Canon-ова мрежна картица NB-C1 како додатна опрема
максимален капацитет: 500 листови, брзина на испис: 8 страници во минута
LBP5000 е нов производ во серијата Laser Shot, а според карактеристиките се наоѓа за класа пониско од печатачот LBP5200.
Тонери за боја „сè во едно“
Печатачот LBP5000 е прв печатач кај Canon Europe кој работи со помош на тонерот за боја од типот „сè во едно“. Овие тонери ги содржат сите главни делови на печатачот, па освен тоа што повече не е потребно да се замарате со промена на тонерите, овозможува едноставно и лесно одржување.
Подобрена технологија за испишување
Canon-овата подобрена технологија за испишување (CAPT) се базира на големата брзина на обработка на податоци и извонредното компресирање кое овозможува брза работа на печатачот. Технологијата CAPT опфаќа и графичка која е прилагодена на корисникот. За да содржи технологија „фиксирање по желба“ во боја (Colour On Demand Fixing), печатачот LBP5000 не троши време на загревање по негово вклучување и задавање на команди за печатење, прва страница во боја или црно-бела може да ја испечати за помалку од 20 секунди.
Мал и дискретен
Благодарение на составот за вертикално печатење, LBP5000 е најмала Canon-ова машина во групата на ласерски печатачи во боја што може да се смести и во мала канцеларија или работен простор во домашни услови. Печатењето вп вертикална положба го олеснува ракувањето и одржувањето на печатачот. Четирите тонери, кои содржат модрозелена, црвена, жолта и црна боја (CMYK), едноставно може да им се пристапи од предната страна на печатачот.
Мрежно поврзување
Мрежната картица NB-C1 е прва Canon-ова интегрирана плоча за мрежно поврзување на печатачот наменет за работа со компјутери. Достапна е како додатна опрема со печатачот LBP5000, кој со нејзина помош е извонреден мрежен печатач за мали претпријатија каде истовремено може да го употребуваат неколку корисници.
Капацитет
Печатачот LBP5000 им овозможува на корисниците печатење на големи количини на документи во боја. Со додатна касета за хартија со капацитет од 250 листови неговиот максимален капацитет изнесува 500 листови. Печати документи со професионален квалитет во боја или црно-бело со брзина до 8 страници во минута. |
|
|
| |
|
|
| |
 |
|
 |
|
|
|