19 ??????? 2008  
 
Партнерски страни »
English
ПРВА СТРАНА
ПРОИЗВОДИ
DOWNLOAD
ВЕСТИ
ПРОДАЖНИ МЕСТА
ИНФО ЗА ГЕНЕЛ
КОНТАКТ
CANON САЈТОВИ
СЕРВИС
РАБОТНИ МЕСТА
 
 
 
 
 
 
Вести архива
 

LaserShot LBP3460

Canon го претставува новиот печатач од серијата Laser Shot со подршка за PCL

Амстелвин, Холандија, 16. јануари 2006. – Canon објави дека на пазарот е понуден нов црно-бел ласерски печатач LASER SHOT LBP3460 со поддршка за програмски јазик PCL (Printer Control Language). Новиот печатач од групата Laser Shot поддржува јазик PCL5e и PCL6 te UFR II – Canon-ов овластен јазик PDL (Page Description Language) – јазик за опис на страниците при нивно печатење со ласерски печатач кој се користи во серијата печатачи imageRUNNER со што неговите предности ќе можат да се искористат уште сега и на Canon -овиот модел LBP3460. Како стандардна опрема печатачот содржи мрежна картица и уред за двострано печатење (дуплекс). Овозможува брзина на запис од 33 страници во минута и има касета со вкупен капацитет од 850 листови. Меѓу другото, има поддршка за PCL и можноста за мрежна работа го прави печатачот LBP3460 идеален за големи домашни и работни простории.

Карактеристики на печатачот LASER SHOT LBP3460:

•  поддршка за програмски јазик PCL5e, PCL6 и UFR II
•  брзина на печатење од 33 страници во минута, приближно 8 секунди за печатењето на првата страница
•  можност за мрежно печатење
•  двострано печатење
•  максимален капацитет на касетата за хартија изнесува 850 листови, а капацитетот да додатната касета за хартија - 500 листови
•  „фиксирање по желба“, два „сè во едно“ тонери со различен капацитет

Печатачот LASER SHOT LBP3460 е нов производ во серијата Laser Shot. Наследник е на моделот LASER SHOT LBP2000 со поддршка за PCL.

Компитабилен со програмски јазици за печатење (PCL)
LBP3460 поддржува PCL5e и PCL6 кои може да се употребуваат во било која ситуација компитабилна со јазиците PCL. UFR III е архитектура која се наоѓа во Canon-овата професионална серија на печатачи и уреди за копирање imageRUNNER која овозможува работа на печатачот во постоечка корисничка мрежа.

Брз и успешен
Печатачот LBP3460 овозможува печатење со голема брзина од 33 страници во минута. Благодарение на технологијата за подобрување на сликата (AIR - Image Refinement), квалитетот на испечатеното е еквивалентен со резолуција од 2400 x 600 tpi. За да содржи технологија „фиксирање по желба“ (On Demand Fixing), печатачот LBP3460 не троши време на загревање по негово вклучување и задавање на команди за печатење, прва страница во боја или црно-бела може да ја испечати за помалку од 8 секунди.

Спремен за мрежно работење
Со помош на вградената опрема за мрежна работа печатачот може правилно да се поврзе со корисничка мрежа на било кој компјутер. Печатачот има и Canon-ова програмска опрема за мрежно работење NSDI, NSC и Remote UI кој содржи и USB 2.0.

Двостраното печатење заштедува хартија
Како дел од стандардната опрема печатачот LBP3460 има вградена единица за двострано печатење, која ја намалува потрошувачката на хартија и трошоците за одржување.

Капацитет
За да можете да одговорите на потребата на работа каде се шечати голема количина на документи, LBP3460 содржи две касети за хартија со капацитет од 500 и 350 листови па така неговиот максимален капацитет за хартија изнесува 850 листови. Како дел од стандардната опрема LBP3460 содржи автоматски поставувач на хартија и повеќенаменска полица за 100 листови. За печатачот да може да се користи што поуспешно, на располагање се два тонери за црна боја со различен капацитет. Тонерот 710 овозможува печатење на просечно 6000 страници, а поголемиот тонер 710H овозможува печатење на 12.000 страници. И двата тонери се од типот „сè во едно“ кои се едноставни за одржување. Ги содржат главните делови на печатачот па по нивната замена печатачот станува како нов.
 
 
 
 
 
Copyright © Genel 2006