Canon ја проширува серијата на печатачи Laser Shot со новиот LASER SHOT LBP3300
Амстелвин, Холандија, 16 јануари 2006. – Canon објави дека на пазарот понуди нов црно-бел ласерски печатач LASER SHOT LBP3300. Дел од неговата стандардна опрема е и уредот за двострано печатење (дуплекс). Првата страна може да ја испечати за помалку од 9 секунди, а за една минута печати 21 страница. LBP3300 е компактен и модерен уред со голем капацитет, за кој како додатен дел е понудена и Canon-овата мрежна картица.
Основни карактеристики на печатачот LASER SHOT LBP3300:
можност за двострано печатење
брзина на печатење: 21 страница во минута, прва страница за помалку од 9 секунди
благодарение на технологијата CAPT и „фиксирање по желба“, нема потреба од чекање на уредот да се загрее
компактен, модерен и завзема мал простор
Canon-ова мрежна картица NB-C1 како додатна опрема
максимален капацитет 500 листови со помош на употреба на додатна касета за хартија со капацитет од 250 листови
можност за одбирање на тонер со различен капацитет на испишување
Печатачот LASER SHOT LBP3300 е нов производ од серијата Laser Shot, а според карактеристиките е понапреден од моделот LASER SHOT LBP3200 и е во највисоката класа на црно-бели печатачи наменети за работа со компјутери.
Двострано печатење како стандардна карактеристики
Печатачот LBP3300 има вграден додатен уред за двострано печатење со што се овозможува помала потрошувачка на хартија и помали трошкови.
Брз и успешен
LBP3300 е погоден за работа во која е потребно да се испишува голем број на документи со брзина од 21 страница во минута. Со брзината не заостанува ниту неговиот квалитет – печатачот овозможува професионално испишување со квалитет на резолуцијата од 2400 x 600 tpi.
Подобрена технологија за испишување
Canon-овата подобрена технологија за испишување (CAPT) се базира на големата брзина на обработка на податоци и извонредното компресирање кое овозможува брза работа на печатачот. Технологијата CAPT опфаќа и графичка која е прилагодена на корисникот. За да содржи технологија „фиксирање по желба“ во боја (Colour On Demand Fixing), печатачот LBP5000 не троши време на загревање по негово вклучување и задавање на команди за печатење, прва страница во боја или црно-бела може да ја испечати за помалку од 9 секунди.
Големината не е важна
Печатачот LBP3300 е компактен и успешен уред за кој не е тешко да се пронајде простор во мала канцекларија или на работната маса во вашиот дом.
Мрежно поврзување
Мрежната картица NB-C1 е прва Canon-ова интегрирана плоча за мрежно поврзување на печатачот наменет за работа со компјутер. Достапна е како додатна опрема со печатачот LBP3300, која овозможува овој печатач мрежно да биде достапен за повеќе корисници. Печатачот LBP3300 содржи и брз USB 2.0 како стандарден дел од опремата.
Капацитет
Касета за хартија со капацитет од 500 листови, со која може да се користи и додатна касета со капацитет од 250 листови, печатачот LBP3300 е погоден за канцеларии каде се печати голема количина на документи. Касетата 708 овозможува печатење на 2500 страници, а поголемата касета 708H овозможува печатење на 6000 страници. И двата тонери се од типот „сe во едно“ кои се едноставни за одржување. Ги содржат главните делови на печатачот па по нивната замена печатачот станува како нов. |