|
 |
 |
|
|
| |
MVX450 |
MVX460 |
|
Canon ви претставува две нови модерни компактни камкордери со 1.3 мегапиксели
Амстелвин, Холандија, 4 Јануари, 2006: Canon ги презентираше двете нови модерни и компактни miniDV камкордери со 1.3 мегапиксели : MVX460 и MVX450.
И двата камкордери MVX460 и MVX450 користат моќен DIGIC DV процесор, обезбедуваат одделни сигнални патеки за видео и фотографии со цел за подобра оптимална репродукција на сликата. Следствено на снимањето со 1.3 мегапиксели, импресивниот 20x оптички зум обезбедува јасни и чисти слики/клипови, без разлика дали е снимано во модусот widescreen (широк екран) или normal.
Додека двата камкордери делат работа на база на иста технологија, лидерот во својата категорија MVX460 содржи и DV и AV влез. Со DV влез, видео материјал едитиран преку компјутер може повторно да се сними назад на miniDV касетата на камкордерот. Од друга страна пак, AV влезот овозможува постарите филмски клипови снимени со аналогна технологија да ги снимите на дигитална касета.
Widescreen
Се што е потребно е да притиснете едно копче за да одберете дали ќе снимате на 16:9 widescreen или 4:3 резолуција , новиот 2.7” широко-аголен LCD екран во боја ви овозможува да го наместите видео записот на потполно истата резолуција на која што ќе се прикажува на TV екранот : додека сите хоризонтални пиксели од CCD сензорот користат 16:9, идеален е за прегледување на видео материјалот дури и на најновите и најмодерни широки телевизори .
Моќен процесор
DIGIC DV има одделни патеки за обата начини на процесирање на слика-видео запис и фотографии: боите се прикажуваат многу верно, без разлика дали ги гледате на TV екран или принтате фотографии од мемориската картица преку PictBridge.
20x оптички зум
Моќен објектив со 20x оптички зум со електронска стабилизација на сликата, со различни брзини на зумот, овозможува пофлексибилна контрола. Canon Super Spectra го редуцира замаглувањето и прејаките бои кај фотографиите. Кога се комбинираат оптички и дигитален зум, и MVX460 и MVX450 достигнуваат опсег на зумот од 800x.
Лесен за ракување
Работата со овие камкордери е поедноставена: ре-дизајниран и интуитивен мени систем е создаден низ кој се движите и одбирате со помош на џоистик контролерот со четири правци. Во продолжение, и со двата камкордери MVX460 и MVX450 може да се ракува со безжичен далечински управувач и содржат Night Mode со вградено бело LED светло за снимање ноќно време. За фотографии, снимени на SD Мемориска картичка, двата камкордери имаат Print/Share копче: лесно може да се печати со PictBridge компитабилен печатач, или да се upload-ираат слики на PC, сето ова со притиснување на едно копче поединечно за секоја опција.
MVX400 серијата ја заменува MV300 серијата и претставува модерен и лесен за користење семеен камкордер. |
MVX450 |
MVX460 |
Технички карактеристики... |
Технички карактеристики... |
|
|
| |
 |
|
 |
|
|
|