|
 |
 |
|
|
|
MV950 |
MV960 |
|
Canon произведе серија на камкордери со широки екрани
Амстелвин, Холандија, 4 Јануари, 2006: Canon го објави пуштањето во оптег на новата серија на одлично подготвените miniDV камкордери со основен систем. Оптимизирани за снимање на видео запис на висока резолуција од 16:9, сите четири камкордери од MV900 серијата – MV960, MV950, MV930 и MV900 – можат да најдат примена за прегледување на видео записите на најновите телевизори со широки екрани. Располагаат со 25x оптички зум, со варијабилни брзини на зумот за целосна контрола, и DIGIC DV процесирање.
Комбинира снимање на вистинска 16:9 со стандардна 4:3 резолуција, сите модели имаат широк 2.7” LCD екран во боја со модус Level Marker, обезбедувајќи да објектот што го снимаме да биде перфектно позициониран во центарот на рамката. Со 0.3” електронски визир во боја (EVF), кој ви овозможува да го наместите видео записот на потполно истата резолуција на која што ќе се прикажува на TV екранот.
Моќен зум
Сите четири камкордери од MV900 серијата се опремени со 25x оптички зум со електронска стабилизација на сликата (EIS). MV960 и MV950 содржат и 1000x дигитален зум, а 800x дигитален зум има кај моделите MV930 и MV900. За уште поголема контрола, сите камкордери нудат различни брзини на зумот.
DIGIC DV како стандарден
За прв пат, сите Canon-ови miniDV камкордери работат со DIGIC DV процесор за слика. DIGIC DV ги обезбедува моделите MV960, MV950 и MV930 со посебен влез за видео, посебен за фотографии (снимени на Мемориска картица), и сите четири модели имаат оптимизирана репродукција на бојата, обезбедувајќи боите во видео записите и фотографиите да останат веродостојни.
Форма и Функција
Целата MV900 серија е суштински ре-дизајнирана, подобрувајќи ги балансот и ракувањето во поглед на претходната MV800 серија. Моделите се во различни, примамливи за око бои: сребрена металик (MV960 и MV950), снежно сребрена (MV930) или сино металик (MV900).
Со пропорции 115 x 92 x 49mm, и тежина од 380g, MV900 серијата комбинира форма и функција. Главните функции на камкордерот се бираат преку само 6 копчиња и џоистик контролер. Овозможен е модус за лесно снимање, преку кој сите важни подесувања се префрлаат на автоматска работа со притиснување на само едно копче.
MV900 серијата ја заменува MV800 серијата и е дизајнирана за лесно ракување со камордерите и нивна семејна употреба. |
MV950 |
MV960 |
Технички карактеристики... |
Технички карактеристики... |
|
|
| |
 |
|
 |
|
|
|