Интервју со генералниот директор на Генел, Филип Видовиќ превземено од "Менаџер" - аналитички дневен весник од областа на економијата
14.10.2005
Најави од Canon
"Македонскиот пазар во фокус"
- "Canon Adria" од Љубљана, преку своите застапници во Македонија "Генел", "Афтера" и "Импегна", вчера ги претстави своите најнови апарати во трите производни групи, односно решенијата за бизнисот, канцелариските производи за лична употреба и фотоапаратите и камери. "Ова е прва презентација на сите производни групи на Canon во Македонија, а најновите решенија на македонскиот пазар ќе се најдат веднаш по нивното претставување", рече генералниот менаџер на "Генел", Филип Видовиќ, кој вели дека од македонскиот пазар, на фотоапарати и камери отпаѓа 30 проценти, додека за другите две групи не се направени истражувања. "Пред две години држевме 50 проценти од пазарот, а намалувањето на 30 проценти е поради отфрлањето на аналогните апарати и преминување кон дигиталните, кај кои има голема конкуренција, особено од компании кои не се познати брендови и кои прават апарати со голема резолуција и немаат никаков квалитет", истакнува Видовиќ. Тој додаде дека потрошувачите во Македонија треба да знаат дека при купувањето камери не е најбитен бројот на мегапиксели, туку многу поважни се други елементи, како што е дигиталниот процесор што е уникатен производ на апаратите на "Canon". Со него, појаснува Видовиќ, се врши обработка на фотографиите пред да се запишат на картичката. "Се уште сме број еден и покрај големата конкуренција и агресивноста, особено на Сони, но се надеваме, дека со помош на Canon и конкурентните производи што ќе ги имаме во претстојниот период, ќе ја зголемиме продажбата за Нова година кога има поголема побарувачка, а особено ќе се фокусираме на следната година", потенцира Видовиќ. За останатите две производни групи тој вели дека не може да се пофалат, особено затоа што немало вистинска дистрибуција во Македонија, а изостанувала и маркетиншката поддршка, но додава дека од "Canon Адриа" најавуваат дека во в година ќе се фокусираат на македонскиот пазар. "Според нашите информации, нивното присуство е проценето на 3,5 милиони евра во делот на канцелариските производи - принтери и скенери", рече Видовиќ кој додаде дека лидер на пазарот со над 70 производи е ХП, потоа следува "Епсон". Интенција на "Canon" е следната година да дојде до втора позиција, а во наредни две-три години како што е на пазарот во Хрватска, Словенија и Бугарија и до првото место во овој сегмент. "Canon Адриа" е фирма-ќерка на "Canon Виена", која го покрива пазарот на земјите на поранешната СФРЈ и Албанија. Главната централа на "Canon" за Источна Европа е во Виена, која опфаќа 16 земји, меѓу кои и Македонија. -