|
Canon го презентираше новиот PowerShot S80 со 8.0 Мегапиксели
Amstelveen, Холандија, 22 Август 2005. Canon, лидер во фотографија и Imaging технологија, денес го презентираше 8.0 Мегапикселниот PowerShot S80 – најновиот модел во својата S-серија од рангот на PowerShot. Богатиот избор од карактеристики во овој фотоапарат ги опфаќа широко-аголниот 28-100 mm f/2.8-5.3 (3.6x) објектив со оптички зум со Canon-овата UA (Ултра-Високо Асферични елементи со индекс на прекршување на светлината) технологија за објективи , истиот DIGIC II процесор што го има и кај Canon -овата професионална серија на дигитални SLR фотоапарати и големиот 2.5” LCD екран.
За прв пат во дигиталната компактност, Мулти-изборното мени(Multi Control Dial) од стилот на EOS овозможува брзо и подостапно сетирање на опциите од менито, како и брзо разгледување(scroll) на сликите за време на нивното прегледување. Подобрените карактеристики вклучуваат приказ на хистограмот во реално време(real-time histogram), FlexiZone AF/AE со слободно-движечка точка на фокусирање и мануелно фокусирање, 21 начини на снимање, XGA квалитетни видео клипови до 1 GB и нов и подобрен кориснички интерфејс со ново дизајниран и позициониран подесувач на модуси(mode dial).
Квалитетна основа, квалитетна оптика
Современиот S80 е редизајниран за да даде солидна, високо-квалитетна основа и поергономично, компактно тело што е за 8% помало од својот претходник – напоредно со подобрените перформанси на фотоапаратот. 28–100 mm f/2.8-5.3 (3.6x) објектив со оптички зум е направен според Canon-овата подобрена UA (Ultra High Refractive Index Aspherical) технологија за објективи. Фокусната должина се зголемува приближно 22.4–200 mm со новите опционални објективи со широк и теле конвертор.
Моќта на 8.0 Мегапиксели заедно со DIGIC II
Со сензор кој вклучува одлични 8.0 Мегапиксели, фотоапаратот прави слики за детални A3 формат принтови.
Подобрениот Canon-ов процесор за обработка на слики, DIGIC II, е вграден за да ја зголеми брзината и реакцијата на фотоапаратот, како и квалитетот на фотографиите. Брзината на авто-фокусирањето сега е за 20% подобрена, и фокусирањето на послабо светло е појако сега за 1 степен, обезбедувајќи подобра контрола при сликање во позамаглени услови. DIGIC II работи со брзина од 1.8 фрејмови во секунда при постојано сликање, и поддржува 9-точки AiAF за брзо, прецизно фокусирање дури и кога предметот не е во центарот. FlexiZone AF/AE обезбедува слободно движење на фокусот за полесно сликање на посакуваниот предмет, при што експозицијата се мести автоматски согласно на условите. Можно е и мануелно фокусирање.
Hi-Speed USB 2.0 компатибилноста обезбедува брза комуникација со компјутерите, и трансферот на податоци е побрз.
Контрола на високо ниво и лесен е за употреба
Новиот голем 2.5” LCD екран има15 нивоа за подесување на светлината и Quick-bright опција за полесно сликање при услови со силна светлина(на сонце). Хистограм во реално време(real-time histogram), кој се појавува на LCD екранот, е поставен за да му овозможи на корисникот полесно да ја процени експозицијата при сликање. Избирачките координирачки линии(grid line) помагаат при компонирањето и местењето на хоризонтот.
Модуси, My Colors… и филмски клипови
S80 содржи 21 начини(модуси) на снимање: во продолжение на модусот за целосна мануелна контрола(Manual mode) и други модуси за креативни зони што фотографите ќе ги очекуваат од фотоапаратите од S-сериите на PowerShot, 9 нови модуси за специјални сцени. Помагајќи му на корисникот ефикасно да се справи со ситуациите при снимање од широк домен, овие модуси за сцени овозможуваат снимање на различни средини - Snow, Portrait, Underwater и Digital Macro, и многу други. Custom mode овозможува корисникот да постави свои подесувања за снимање.
My Colors – се наоѓа во кружното мени за модуси – ја зголемува креативноста за креирање на дигитална фотографија. Специјалните ефекти, како што се Color Swap или Custom Color, кои им овозможуваат на корисниците да одберат нијанса на боја по избор при секое снимање, се подесуваат во фотоапаратот и потоа можете да ги гледате на LCD екранот додека снимате фотографии и филмски клипови. Овие ефекти претходно можеа да се остварат само на компјутер после снимањето.
Голем избор на опрема
Достапен е голем избор на опционална опрема за подобра функционалност на S80, вклучувајќи ги новите објективи Tele-converter 2.0x (TC-DC10) и Wide-converter 0.8x (WC-DC10), како и Conversion Lens Adapter (LA-DC20), водоотпорна футрола WP-DC1 – може да се снима до длабочина од 40 m, високо-моќен блиц HF-DC1, нов и покомпактен полнач за батерии (CB-2LWE), Car полнач за батерии (CBC-NB2) и AC адаптер ACK-DC20.
Компитабилни MMC/SD картици и 32 MB Canon SD картица.
Подобрено печатење
Во комбинација со Canon-овите нови Компактни Фото Печатачи SELPHY CP510 и Canon-овиот Ink and Paper Set (KP-108IP), фотографиите можете да ги печатите за 0.30 Евра. Печатењето преку SELPHY CP Compact Photo Печатачи исто така Ви овозможува вешто да печатите ID фотографии и филмски принтови.
Овој производ ќе биде достапен во почетокот на месец октомври во продажните места на Генел!
|