|
Canon произведе нови фотоапарати од A-серијата на PowerShot – комбинирани со перформансите на тие од G-серијата
Amstelveen, Холандија, 22 Август 2005. Canon, светски лидер во фотографија и Imaging технологија, денес ги објави своите најнови компактни дигитални фототапарати, PowerShot A620 и PowerShot A610. Со 7.1 и 5.0 Мегапиксели, одделно, овие фотоапарати се одликуваат со перформанси од последната најнова технологија како кај моделите од G- серијата на PowerShot. DIGIC II процесорите имаат брза изведба, препознатлива за нив, и – во комбинација со 4x оптичкиот зум објектив на овие фотоапарати – испорачуваат одличен квалитет на сликите. Големиот опсег од мануелни, автоматски и специјални модалитети за сцени нуди флексибилност, креативност, и едноставност кога е потребно.
Фотоапаратите имаат 2.0” повеќе-аголен LCD екран , модалитет My Colors, и модалитет macro што Ви овозможува да сликате на далечина од 1 cm. Можност за снимање VGA филмски клипови со 30 fps. Комплетниот опсег на помошна опрема , вклучувајќи широки и теле конвертори и водоотпорна футрола , ја подобрува флексибилноста при снимање . A620 и A610 се опремени со Print/Share копче , PictBridge печатење како и ID Photo Print и Movie Print. USB 2.0 Hi-Speed конекциите обезбедуваат брз трансфер на сликите.
Подобрени резолуција, зум и квалитет на сликите
Заменувајќи го популарниот PowerShot A95, новите фотоапарати се одликуваат со уште подобри перформанси. A610 има 5.0 Мегапиксели CCD сензор, а A620 7.1 Мегапиксели – и двата испорачуваат квалитет на сликата кој обезбедува детално отпечатени фотографии во A3 формат.
Прецизните зум објективи на Canon во овие нови фотоапарати го следат дизајнот и конструкцијата на објективите од G-серијата, со осум елементи во седум групи, и инкорпорира два асферични елементи.
Подобрено процесирање и фокусирање
Подобрениот DIGIC II процесор за слики резултира во побрзи и порефлексивни фотоапарати кои испорачуваат докажано квалитетни фотографии. Времето за фокусирање е намалено за околу 60%, и заостанувањето на затворачот е неприметно на не повеќе од 0.1 секунди.
Новите PowerShot фотоапарати исто така имаат Canon-ов 9-точки AiAF за брзо, прецизно фокусирање дури и кога предметите не се во центарот.
Зголемена прилагодливост
Поголемиот 2.0” повеќе-аголен LCD екран им нуди на корисниците разноврсност во компонирањето на снимките од чудни и тешки агли на снимање, како што е снимање од ниво на подот или од висина на ниво на струкот, снимање од позиција над глава и кога се снимате самите себеси. Селективната помошна линија(grid line) на екранот Ви помага при местење на композицијата и хоризонтите.
A620 и A610 располагаат со 20 модуси за снимање, вклучувајќи го и Manual mode(мануелно), Custom mode за издвојување на подесувања за и при снимање какви што преферирате, и shutter speed priority mode(приоритет на затворачот), со рангирање на брзината на затворачот од 15 seconds до 1/2500 секунда. Осум scene modes(подесување сцена) – како што се Night Snapshot(за ноќно време), Snow and Underwater(за на снег и подводно снимање) – ги подобруваат резултатите во различни ситуации при снимање. Stitch Assist mode го олеснува снимањето на фотографии од панорама, кој може лесно да се комбинира со PhotoStitch софтверот. My Colors – се наоѓа во кружното мени за модуси – ја зголемува креативноста за креирање на дигитална фотографија. Специјалните ефекти, како што се Color Swap или Custom Color, кои им овозможуваат на корисниците да одберат нијанса на боја по избор при секое снимање, се подесуваат во фотоапаратот и потоа можете да ги гледате на LCD екранот додека снимате фотографии и филмски клипови. Овие ефекти претходно можеа да се остварат само на компјутер после снимањето.
Помошна опрема за подобрување
Комплетен опсег од опционална опрема е достапна за подобрување на моќноста на фотоапаратите. Новиот Conversion Lens Adapter LA-DC58F, е дизајниран да одговара на овие модели. Обата Wide Converter Lens WC-DC58N (0.7x) и Tele-converter lens TC-DC58N (1.75x) ги зголемуваат frame опциите и ефективноста на фокусната должина.
Подобрено печатење
Во комбинација со Canon-овите нови Компактни Фотo Печатачи SELPHY CP510 и Canon-овиот Ink and
Paper Set (KP-108IP), фотографиите можете да ги печатите за 0.30 Евра. Печатењето преку SELPHY CP Compact Photo Печатачи исто така Ви овозможува вешто да печатите ID фотографии и филмски принтови.
Овие производи ќе бидат достапни во почетокот на месец октомври во продажните места на Генел!
|