На 14 Септември во Порто Карас, Грција Canon го прослави 10-тиот роденден на фотоапаратите од групата IXUS.
IXUS е револуционерен фотоапарат со својата компактност, уникатен дизајн и материјалите од кои што е изработен.
На својот 10-ти роденден IXUS можеше да се пофали со податокот дека до сега е продаден во преку 33 милиони примероци.
Во исто време на аукција во Лондон Canon понуди 10 уникатни примероци IXUS 65 фотоапарати. Еден од нив е покриен со 380 дијаманти и вреди 40.000 евра. Останатите 9 истотака содржат дијаманти и секој вреди по 3.500 евра.
Собраниот фонд претставува помош за Црвениот Крст.
ЛИНК КОН IXUS ФОТОАПАРАТИТЕ ...
|