|
|
 |
Инфо за Генел |
|
| |
За компанијата
ГЕНЕЛ Д.О.О. е овластен дистрибутер на CANON за македонскиот и косовскиот пазар. Нашата компанија, формирана во 1993 година, стана препознатлива на домашниот пазар по примената на современите менаџмент и бизнис техники, како и потполна посветеност и подготвеност за задоволување на највисоките стандарди на потрошувачите.
Мисија
ГЕНЕЛ Д.О.О. е посветен на обезбедување постојани, комплетни и најмодерни производи и услуги. Го стимулираме, обезбедуваме и олеснуваме деловното работење на нашите клиенти. Континуирано ги следиме потребите на постоечките и потенцијалните корисници на производите што ги нудиме. Ја засилуваме нашата конкурентска позиција преку тимска работа. комуникација со клиентите и огромната мотивираност за континуиран успех.
Филозофија на деловното работење на ГЕНЕЛ Д.О.О. е искажана преку: |
- Постојано истражување на пазарот, понуда на производи од програмите на CANON и сервисни услуги за истите, со цел да се задоволат потребите на купувачите
- Усвојување на современи маркетинг техники
- Развој на стратегии на конкурентски цени
- Ефикасна дистрибуција (преку 100 продажни места)
- Прецизност, доследност и флексибилност во работењето
- Обезбедување на постојана обука за вработените со цел да се обезбеди нивно целосно информирање за најновите пазарни трендови.
|
|
 |
Производи и услуги
ГЕНЕЛ Д.О.О е Canon ориентирана компанија. Уште од своите почетоци во 1994 година почнуваме да работиме со Canon гледајќи перспективна иднина. Од 1998 година сме генерални дистрибутери на Canon фото/видео производи за Македонија. Паралелно со фото/видео опремата ја нудиме и програмата на канцелариски бизнис машини (системи за фотокопирање, телефакси, печатачи, мултифункционални апарати, калкулатори и потрошен материјал за истите).
За големата понуда на производите на CANON ние обезбедуваме и професионален сервис преку својот и други овластени сервисни центри во Македонија.
Успешниот настап и продажбата на производите на CANON се должат на нашата добро организирана дистрибутивна мрежа со голем број продажни партнери на територијата на целата држава. Производите на CANON имаат иста цена, без разлика дали се нудат директно од ГЕНЕЛ Д.О.О. или од нашите овластени партнери.
|
 |
Пазари
Генел Д.О.О. е фокусиран на домашниот пазар, но присутни сме и на некои од соседните пазари. Од 2003 година сме генерални дистрибутери на фото видео производи и за Косово.
Благодарение на широката понуда на производи за аматерска и професионална намена, Генел Д.О.О. подеднакво добро ги опфаќа соодветните пазарни сегменти.
За успешноста на нашата компанија зборува и фактот дека во 2003 година успеавме да се искачиме на првото место по продажба на аналогни и дигитални фото апарати и покрај големата конкуренција од останатите производители. Пораст во продажбата на опрема се забележува и кај другите групи на производи што ги нудиме.
|
 |
|
|
| |
 |
|
 |
|
|
|
|
 |
|