|
 |
 |
Фото конкурс |
|
| |
Доделени наградите за победничките фотографии од овогодишниот Фото Конкурс!
По трет пат, и оваа година Генел доо традиционално го одржа својот конкурс на аматерска фотографија со тема Лето.
Наградени беа 4 фотографии и тоа: 3 од гласање преку интернет, и 1 од стручно жири.
На чело на стручното жири беше професорот по фотографија и истакнат фотограф Влахо Бранѓолица.
За време на доделувањето на наградите присуствуваа дел од луѓето кои учествуваа во изборот, победниците на наградените фотографии како и љубители на фотографијата.
Во опуштена атмосфера, посетителите ги разгледуваа сите фотографии кои влегоа во потесен избор како и четирите наградени фотографии.
Наградените фотографии се:
Трета наградена фотографија од веб гласањето е фотографијата под реден број 53 на Слободан Стефановски за која Генел му подари Canon принтер за фотографии CP 510.
|
 |
|
Втората награда според веб гласањето му припадна на Ванчо Зрнчев за фотографијата под реден број 60, а наградениот доби Canon принтер за фотографии CP 720.
|
| |
|
| |
|
 |
| |
 |
Годинешната победничка фотографија според веб гласањето е фотографијата под реден број 67 на Томе Колев. Генел му подари Canon принтер за документи и фотографии Pixma IP 6220.
|
 |
|
| Жири |
|
Наградата од жири комисијата е за фотографијата под реден број 6 и му припадна на Никола Спасеноски. Генел му подари Canon принтер за документи и фотографии Pixma IP 4300.
|
 |
|
| |
|
 |
Сите учесници беа видно задоволни и изјавија дека и во иднина ќе продолжат да учествуваат на изборите кои ќе ги организира Генел, како и тоа дека Canon
ќе го препорачуваат на своите пријатели како бренд за дигитална технологија.
Им благодариме на сите учесници и Ве очекуваме до година повторно. |
| |
Можете да ги погледнете сите фотографии кои учествуваа во овој Конкурс тука. |
|
| |
 |
|
|
|